Барселона зад себе има уште една ужасна сезона во која не успеа да освои ниеден трофеј, ниту да стигне до завршниот турнир од Евролигата.
Раководството на клубот се обидува да направи силен тим за претстојната кампања, но направи чудна стратегија – да ангажира ветерани. Денеска потпиша договор на три сезони со грузискиот репрезентативец Торнике Шенгелија која доаѓа од Виртус. Шенгелија ќе наполни 34 години точно на почетокот на новата сезона и тој треба да биде лидер на тимот откако Паркер си замина во Партизан.
Наскоро се очекува по неговиот пат да тргне уште еден досегашен играч на Виртус. Станува збор за 35-годишниот Вил Клајбурн кој е слободен играч откако му истече договорот со клубот од Болоња.
Шенгелија и Клајбурн минатата сезона беа меѓу најзаслужните што Виртус ја прекина доминацијата на Олимпија Милано и освои титула во италијанското првенство.


