Сан Антонио Спарс претрпе неверојатен пораз во четвртиот натпревар од финалето на НБА, испуштајќи предност од 29 поени против Њујорк Никс, кои на крајот победија со 107-106 и поведоа со 3-1.
Дебаклот на тимот од Тексас го коментираа поранешни асови, а особено се издвојува изјавата на легендарниот Чарлс Баркли, кој жестоко ги навреди Спарс, нарекувајќи ги „најглупавиот тим во историјата на цивилизацијата“.
“We saw the dumbest basketball team in the history of civilization. … The San Antonio Spurs helped the New York Knicks win this game.”
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) June 11, 2026
Charles Barkley after the Spurs allowed the largest comeback in NBA Finals history 👀 pic.twitter.com/Y7t4UZsVhU
„Го гледавме најглупавиот кошаркарски тим во историјата на цивилизацијата. Имаа водство од 29 поени, а потоа погодија осум тројки по ред. Ова беше еден од најлошите, најглупавите кошаркарски натпревари. Гледајте, кога губите водство од 29 поени, другиот тим мора да ви помогне. Сан Антонио Спарс им помогнаа на Њујорк Никс да го добијат овој натпревар правејќи некои од најглупавите работи што некогаш сум ги видел на кошаркарски терен“, рече Баркли, кој се смета за еден од најголемите играчи на сите времиња без шампионски прстен.
Баркли беше особено критичен кон „глупавата игра“ на Диерон Фокс што ги чинеше Сан Антонио во последните секунди. Наместо да ја задржи топката по одличната одбрана во ситуација кога Спарс водеа со 106-105 на 14 секунди до крајот, Фокс тргна на положување и беше блокиран од Ануноби под кошот. Тоа им овозможи на Никс да тргнат во свој напад и да го постигнат победничкиот кош.
„Не мораше да ја шутира таа топка“, рече Баркли. „Можеше едноставно да извади фаул, немаше причина да шутира.“


