Американската кошаркарска легенда Чарлс Баркли упати силна провокација до репрезентацијата на САД пред почетокот на нокаут фазата од олимпискиот турнир.
Прв противник на Американците ќе биде Бразил, а ако поминат, ќе се сретнат со подобриот од пресметката меѓу Србија и Австралија. Баркли е сигурен дека никој не е посилен од САД и очекува сигурно злато.
„Ако ги исклучиме Јокиќ, Адетокунбо, Дончиќ и Гилџес-Александер, ние ги имаме најдобрите десет кошаркари во светот, се уште сме најдобри. Никој не може со Џејсон Тејтум или Џру Холидеј, а тие се на клупа. Ако сме фокусирани до крај, нема шанси американската репрезентација да загуби. Ако не го освојат златото, не треба да им дозволиме да се вратат дома, со овој тим што го имаме, нема оправдување за евентуален неуспех“, смета Баркли.
Американците триумфираа на последните четири Олимписки игри и на нив претрпе само еден пораз од вкупно 30 натпревари, од Франција во Токио со 76-83.


