Српскиот репрезентативец Василије Мициќ не е задоволен од својот статус во НБА и сериозно ја разгледува можноста да се врати во Европа, тврдат американски медиуми.
Според нив, веќе има заинтересирани за неговиот потпис и тоа на кој било, туку шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид. Двата клуба се во интензивна потрага по плејмејкер, а некогашниот МВП во Евролигата би бил големо засилување, без разлика што не се наигра во НБА и прашање е во каква форма се наоѓа во моментов.
Според информациите на познавачите, понудата на Барселона е финансиски нешто повисока од онаа на Реал, но тоа можеби нема да биде пресудно во донесувањето на одлуката на Мициќ.
Искусниот кошаркар е незадоволен во Шарлот Хорнетс и сака да излезе оттаму, но евентуален трејд би можел да ја смени ситуацијата и да го натера да остане во НБА до крајот на оваа сезона.


