Шпанскиот вицешампион Барселона го договорила петтото засилување за новата сезона кое, според каталонските медиуми, треба да биде промовирано наскоро.
Станува збор за сенегалскиот центар Јусуфа Фал кој послените три сезони беше член на Асвел, но неодамна го напушти клубот и во моментов е слободен играч. Фал е еден од највисоките во европската кошарка, има 221 сантиметар и сигурно ќе биде големо засилување за Барселона под кошевите. Пред се, треба да води голема борба со центарот на Реал, Валтер Таварес кој е со идентична височина како него.
Пред Фал, Барса се засили уште Кевин Пантер, Џастин Андерсон, Хуан Нуњес и Чимези Мету.


