Францускиот центар Јусуфа Фал официјално е нов играч на Барселона со што се потврдија најавите од пред еден месец.
Фал доаѓа од Асвел, а неговиот трансфер е специфичен поради тоа што се работи за највисок кошаркар во историјата на Барселона со височина од 222 сантиметра. Со тоа, за еден сантиметар го помина Роберто Дуењас, зад нив се уште Тибор Плајс, Коста Перовиќ, Ван дер Хер и Артјом Пустовиј со по 218.
Барса одлучи да го донесе Фал за да му парира на Еди Таварес, центарот на Реал и еден од најдоминантните кошаркари во Европа во моментов. Минатата сезона Фал просечно постигнуваше по 8,8 поени и 6,6 скока со индекс од 12,8.


