Екипата на Баскет Камп по трет пат во историјата е освојувач на Купот на Македонија во женска конкуренција откако во денешното финале го совлада бранителот на трофејот МЗТ Скопје со 67-39.
Мечот за трофејот не понуди никаква драматика, а Баскет Кам доминираше во текот на сите 40 минути. МЗТ Скопје ниеднаш не се најде во водство бидејќи тимот од Македонска Каменица отвори со 7-0, во осмата минута првпат имаше двоцифрена предност (17-6), а веќе на полувреме имаше огромно 45-20. Највисоката разлика Баскет Кам ја достигна на средината од третиот квартал и таа изнесуваше 31 поен (55-24) по што остана само рутински да се доврши работата.

Репрезентативката Ивана Кметовска беше прво име на натпреварот со 23 поени и 15 скока и заслужено го понесе МВП признанието. Кај МЗТ Скопје, Томас постигна 16 поени.


