По Вања Маринковиќ, шпанскиот прволигаш Басконија ја прекина соработката со уште тројца кошаркари кои минатата сезона беа во тимот.
Меѓу нив е и поранешниот македонски репрезентативец Џордан Теодор кој дојде на средина од сезоната. Факт е дека имаше ограничена минутажа, па просечно постигнуваше по 3,5 поени и 1,1 асистенција по натпревар.
Покрај него, од Басконија си заминаа уште Мајк Котсар и Крис Киоза, па и овој клуб ќе прави реконструкција за сезоната што претстои. Екипата ќе има и нов тренер бидејќи Душко Ивановиќ си замина веднаш по завршувањето на сезоната.


