Шпанскиот прволигаш Басконија обезбеди пласман во плејофот од Евролигата, по вечерашниот убедлив против Виртус со 89-77.
Решавачка беше третата четвртина која поранешниот шампион на Шпанија ја доби со 31-16 и го скрши отпорот на противникот. Виртус овојпат немаше сили за подвиг откако пред три дена направи изненадување на гостувањето кај Анадолу Ефес и се избори за денешниот дуел. Маркус Хауард со 28 поени, вклучувајќи 8 тројки, беше прв играч на натпреварот и најзаслужен што Басконија пак ќе игра во плејофот.
Противник ќе ѝ биде Реал Мадрид, најдобриот тим по основниот дел од сезоната, кого го совлада како гостин во претпоследното коло, пред две недели. За Виртус завршува сезоната на европска сцена и ќе може да се насочи на обврските во домашното првенство.