За разлика од дуелот во Атина, во вториот меч од вечерашната програма во евролигашкиот плејоф немаше изненадување бидејќи Реал на домашен терен оствари лесна победа против Басконија.
Европскиот шампион славеше со 90-74, но не се оптовари премногу бидејќи рано направи висока предност и потоа мирно ја сочува. Со тоа бранителот на титулата му се одмазди на својот ривал за поразот во претпоследното коло од основниот дел кога загуби на домашен терен, но без поголеми последици во однос на конечниот пласман.
Вторите натпревари од овие две серии се играат во вторник, повторно на терените на Реал и Панатинаикос.