Кошаркарите на Партизан ја победија Црвена Звезда во првото „вечно“ дерби сезонава, откако надоместија негатива од 16 поени, колку што губеа во третата четвртина.
Партизан славеше со 79-76 што е втор триумф во низа во Евролигата и вкупно трет откако тренерската позиција си замина Жељко Обрадовиќ. Партизан сега има скор од 6-9, додека Црвена Ѕвезда Белград го претрпе вториот пораз во Евролигата по ред и има скор од 9-6.
Звезда имаше плус 16 пред крајот на третиот период (60-44), но немаше трет кошаркар кој ќе ја запечати победата со поени. Залудно Џордан Нвора и Џеред Батлер танцуваа на паркетот, кога немаа ниту „п“ од поддршката на другите кошаркари. Од друга страна, Тајрик Џонс и Исак Бонга работеа за целиот тим, а потоа им се придружи и Двејн Вашингтон кој само потврди зошто е еден од најдобрите кошаркари во тимот.
Партизан направи 7-0 и се врати на 51-60, но следуваше одговор со пет поени за Звезда за водство од 65-51. Пресвртот го најави Двејн Вашингтон кој се разигра во финишот од третиот период, а блесна во последните десет минути. Греам погоди тројка над раката на Вашингтон, но тоа беше последното нешто што го направи Црвена Звезда. Во тој момент, на теренот имаше само еден тим, а тоа беше Партизан кој со пеколен финиш дојде до голема победа во градското дерби.
Вашингтон го заврши натпреварот со 25 поени, Бонга оствари дабл дабл со 15 поени и 11 скока, а 15 поени постигна и Тајрик Џонс. Кај Звезда, расположени за реализација беа само Батлер и Нвора кои постигнаа по 20 поени,
РЕЗУЛТАТИ
Дубаи – Баерн 89-88
Монако – Фенербахче 86-92
Барселона – Олимпијакос 98-85
Партизан – Црвена Звезда 79-76
Виртус – Хапоел 74-79


