Шампионот на АБА лигата, Партизан ја оствари втората победа сезонава во Евролигата откако вечерва на домашен терен го совлада Анадолу Ефес со 93-87.
Белграѓани одиграа фантастично прво и проблематично второ полувреме и малку недостасуваше да дозволат огромен пресврт на гостинскиот тим. Во воведните 20 минути, Партизан постигна 55 поени, а во неколку наврати имаше предност и од 14 разлика.
Навивачите веќе почнаа да ја слават победата, но Ефес не само што ја достигна негативата, туку и дојде до водство од 76-75 на почетокот од последната четвртина. Партизан на тоа одговори со серија од 7-0 и во драматичниот финиш, носен од фантастичните навивачи дојде до исклучително важен триумф.
Стерлинг Браун беше одличен постигна 24 поени, исто колку и Ајзеа Кординие во тимот на Анадолу Ефес. Партизан сега е на 2/1, а турскиот тим на 1/2, пред идната „ѓаволска“ недела во Евролигата.


