Селекторот на македонската машка сениорска репрезентација, Жозеп Марија Берокал го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот августовски ФИБА „прозорец“, со кој Македонија ќе ја започне втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година.
На списокот се најдоа 15 кошаркари, меѓу кои и најдобрите македонски репрезентативци, предводени од капитенот Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, како и натурализираниот центар Мозес Рајт. Сепак, костурот го сочинуваат кошаркарите кои го понесоа глввниот товар во првата претквалификациска фаза и обезбедија пласман во втората, како Јакимовски, Мекиќ, Ефремовски, Ташовски, Лука Стојановски и Ѓуроски. Повратници се Лејсон Зеќири и Кристијан Николов, а ќе дебитира поранешниот младински репрезентативец Кристијан Николов.
Македонија во овој августовски циклус ќе одигра само еден натпревар. Нашата репрезентација на 30 август ќе гостува во Виена против Австрија, во рамките на првото коло од групата „Ф“ од втората фаза на претквалификациите.
Подготовките ќе се одвиваат во Скопје и ќе почнат на 24 август во арената „Борис Трајковски“, со почеток од 17:30 часот.
Овој натпревар ќе биде и првиот предизвик за Македонија во новата рунда од претквалификациите, во која целта е да се направи уште еден чекор кон квалификациите за Евробаскетот 2029.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Ненад Димитријевиќ
Виктор Ташовски
Виктор Ефремовски
Војдан Стојановски
Лука Стојановски
Адем Мекиќ
Андреј Јакимовски
Стојан Ѓуроски
Лејсон Зеќири
Ваљмир Какруки
Резарт Мемед
Тома Стојаноски
Петар Бошалески
Кристијан Николов
Мозес Рајт.


