На десетина дена пред стартот на олимписките квалификации, репрезентациите почнаа со подготвителни натпревари, а вечерва во Вилнус се сретнаа поранешните европски шампиони Литванија и Словенија.
Пред нешто повеќе од 5.000 гледачи, славеше Литванија со 92-86 со тоа што за гостинската репрезентација не настапи првата ѕвезда Лука Дончиќ. Литванците беа постојано во предност, на полувреме заминаа со +11 (50-39) и нивната победа не беше доведена во прашање.
Мариус Григонис со 17 поени беше најефикасен во репрезентацијата на Литванија со 17 поени, Тубелис постигна 12, а Сирвидис додаде 11. Кај Словенците, Алексеј Николиќ реализира 19 поени, а Зоран Драгиќ и Клемен Препелиќ додадоа по 18.
Натпреварот беше неофицијално деби за новиот натурализиран играч во словенечката репрезентација Џош Нибо, а се уште е неизвесно дали во олимписките квалификации ќе настапи Дончиќ.


