Дури и да се комплетни, Лејкерс би имале проблеми со Оклахома Сити Тандер, а без најдобрите играчи, тоа повеќе личи на група граѓани.
Вторпат за пет дена, актуелниот шампион го растури тимот од Калифорнија, овојпат на гостински терен со 123-87, но Лејкерс сега барем имаат одговор за катастрофата. Покрај Лука Дончиќ и Остин Ривс, не играа уште Леброн Џејмс, Маркс Смарт и Џексон Хејс што за секој тим би претставувал огромен хендикеп.
Ова беше втор убедлив триумф за Оклахома против Лејкерс за неполна недела откако во четвртокот пред своите навивачи го победи со 43 разлика. Се беше решено уште во првото полувреме кое гостите го добија со 65-48. Во продолжение, тренерот на Оклахома можеше да ги одмори своите најдобри кошаркари, а сепак победата да не биде доведена во прашање.
Шеј Гилџес Александер беше најефикасен со 25 поени, Џо постигна 18, а Холмгрен оствари дабл дабл со 15 поени и десет скока. Хачимура во отсуство на најдобрите ги предводеше Лејкерс со 15 поени, Лејкерс сега се во серија од три порази и го загубија четвртото место на Западот, а се уште не се знае дали ќе играат со Денвер или Хјустон во првото коло од плејофот.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Минесота 104-124
Вашингтон – Чикаго 98-129
Бруклин – Милвоки 96-90
Торонто – Мајами 121-95
Бостон – Шарлот 113-102
Њу Орлеанс – Јута 156-137
Голден Стејт – Сакраменто 110-105
Лос Анџелес Клиперс – Далас 116-103
Феникс – Хјустон 105-119


