Синоќа тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик објави дека Лука Дончиќ најверојатно ќе дебитира за новиот тим в понеделник против Јута, а веднаш потоа почна вистинска јагма за билети за тој натпревар.
За дуелот со Индијана кој е закажан претстојниот викенд, цените се од 130 до 2.000 долари, додека за оној со Јута, достигнуваат неверојатни височини. За местата под сводовите на Крипто арената, цената е околу 200 долари, додека за позициите покрај теренот одат и до 14.000 долари.
И ова не е врвот кога станува збор за хистеријата што ја предизвика трејдот на Дончиќ. Кон крајот на февруари во Лос Анџелес ќе гостува поранешниот тим на словенечкиот ас, Далас Маверикс. Билетите и за тој меч се веќе во продажба, а најскапите достигнаа цена од неверојатни 39 илјади долари.


