Семејството Петровиќ, со помош на хрватската влада, Кошаркарската федерација и други комерацијални партнери, синоќа организира невиден спектакл по повод 60-годишнината од раѓањето на Дражен Петровиќ.
Пред 15 илјади гледачи, во загрепската арена се појавија некои од најголемите кошаркари ѕвезди во европската и светската кошарка, сите дојдени уште еднаш, којзнае кој пат од неговото загинување, да му оддадат почит на „кошаркарскиот Моцарт“. Кулминација на спектаклот беше моментот кога со помош на вештачка интелигенција, на големиот семафор се „појави“ Дражен кој им се „обрати“ на присутните, а тоа предизвика неверојатни емоции на трибините. Неговата мајка Бисерка тврди дека не знаела за тој момент и дека била екстремно возбудена.
„Не знаев ништо, само ми рекоа да бидам цврста. Претпоставував дека може да биде такво нешто, го погодија тотално, со неговиот глас, со се. Како навистина да беше тука, не можев да ги задржам солзите, срцето почна силно да му чука, мислев ќе излета, мислев нема да преживеам“, емотивно зборуваше Бисерка Петровиќ.
Солзите од емотивниот момент не можеше да ги спречи ни братот на Дражен, Александар Петровиќ.


