Францускиот феномен Виктор Вембанјама се врати на теренот по осуммесечна пауза, и тоа на импресивен начин.
Во победата на Сан Антонио Спарс од 125-92 над Далас Маверикс, младиот центар блескаше со 40 постигнати поени (14/19 од два, 1/2 од три, 9/11 слободни фрлања) и 15 скока, без загубена топка, за само 30 минути игра. Вембанјама го пропушти крајот на минатата сезона, како и Европското првенство, откако му беше дијагностицирано згрутчување на крвта. Враќањето на теренот беше емотивен момент за него.
„Бог знае колку напорно работев ова лето. Се исплатеше, сите мои соништа сега се реалност. Враќањето по сè што се случи ми значи многу“, рече Вембанјама по мечот.
Новата сезона одлично ја почна и Јанис Адетокунбо кој во победата на Милвоки против Вашингтон со 133-120 учествуваше со 37 поени и 14 скока.
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Бруклин 136–117
Њујорк – Кливленд 119–111
Орландо – Мајами 125–121
Атланта – Торонто 118–138
Бостон – Филаделфија 116–117
Чикаго – Детроит 115–111
Мемфис – Њу Орлеанс 128–122
Милвоки – Вашингтон 133–120
Јута – ЛА Клиперс 129–108
Далас – Сан Антонио 92–125
Феникс – Сакраменто 120–116
Портланд – Минесота 114–118


