Кошаркарот на Гран Канарија, Итан Хап вчера дебитираше за македонската репрезентација и потврди дека Федерацијата и стручниот штаб направиле добар избор со неговиот ангажман.
На дуелот против Естонија, Хап постигна 18 поени, 10 скока и 4 блокади и го има третиот највисок индекс во првото коло од квалификациите за Европското првенство. Подобри од него се Џанан Муса од Босна и Херцеговина (32) и Мајлс Хесон од Велика Британија (31).
Со оглед на тоа што ФИБА го бира најкорисниот играч преку гласање, можно е новопечениот македонски репрезентативец да го понесе ова признание уште на своето деби за нашиот национален тим.


