Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра уште еден одличен натпревар во тимот на Наполи на стартот од новата сезона.
Наполи на домашен терен ја победи Реџана со 99-93 и сега има биланс 3/0, сметајќи ги сите натпреварувања во кои учествува. Во првото коло од домашното првенство беше подобар од Максима Рома, а потоа на стартот од Еврокупот го совлада бранителот на титулата Бург.
Јакимовски во игра помина 28 минути и максимално ги искористи. Беше најдобар стрелец во својата екипа со 17 поени, а натпреварот го заврши со дабл дабл бидејќи оствари и десет скока.
Пред Наполи сега се три гостувања, во вторник кај Будуќност, потоа кај Канту и на 14 октомври кај Шлонск.


