Капитенот на Србија, Богдан Богдановиќ од синоќа е најдобар стрелец во историјата на својата репрезентација.
Кошаркарот на Атланта Хоукс имаше одлично издание против Јужен Судан, постигна 30 поени и со последниот кош го помина досегашниот рекордер Милош Теодосиќ. Богдановиќ сега е на бројката од 1.059, додека Теодосиќ има два помалку со тоа што капитенот може да ја зголеми таа бројка до крајот на Олимписките игри, а секако и на следните големи натпреварувања со оглед на тоа што се уште не размислува за откажување од националниот тим.
Следен противник на Србија е селекцијата на Австралија, натпреварот се игра во вторник, а победникот во четвртфиналето се среќава со подобриот од пресметката меѓу САД и Бразил.


