Капитенот на српската репрезентација Богдан Богдановиќ имаше голем придонес во победата на Атланта против Лејкерс, а во исто време дојде до големо достигнување со кое можат да се пофалат малкумина кошаркари.
Тој стана четврти играч во историјата на НБА кој на 100 или повеќе натпревари постигнал барем по една тројка. Јубилејниот меч беше синоќешниот со Лејкерс, а последен пат без тројка бил на 17 мај 2023 година.
Only the 4th player EVER to do this in the NBA 😱
— Atlanta HaWWWWWWks (@ATLHawks) December 7, 2024
What a run by Bogi Buckets 🪣 pic.twitter.com/vJguwCubQJ
Рекордот во оваа категорија го држи Стеф Кари со 268 натпревари, а тој го има и вториот најдобар ефект со 157 меча. Покрај него, на оваа листа се уште Дејмијан Лилард со 150 врзани натпревари со тројка и Кајл Корвер со 127.


