Хрватскиот репрезентативец Бојан Бoгдановиќ остана без клуб откако менаџментот на Бруклин Нетс одлучи да му додели отказ.
Одлуката доаѓа еден ден откако искусниот шутер објави дека ќе оди на нова операција поради повредата на стапалото што значеше дека за него оваа сезона е завршена. Тој не играл од 28 април 2024 година, а ако нема нови проблеми, на терените би се вратил дури на почетокот од идната натпреварувачка кампања.
Богдановиќ повеќе не му е потребен на Бруклин, па доби отказ за да се отвори место за поранешниот седми пик на драфтот Килијан Хејнс кој потпиша десетдневен договор со Нетс. Договор, но повеќегодишен, има и за Тајрис Мартин.


