Еден од најдобрите хрватски кошаркар Бојан Богдановиќ е нов член на Њујорк Никс откако денеска е трејдуван во операцијата во која се вклучени шест играчи.
Вечерва во 21 часот по средноевропско време завршува преодниот рок во НБА, а трејдот меѓу Детроит и Њујорк секако ќе биде еден од најинтересните. Заедно со Богдановиќ, во Никс оди и Алек Буркс, а во спротивна насока ќе се упатат Квентин Гримс, Еван Фурние, Малаки Флин и Рајан Аркидјаконо, плус два пика во втората рунда на драфтот.
Со ова, Богдановиќ се спаси од мизеријата во Детроит имајќи предвид дека Пистонс се најлош тим во лигата во моментов и без никакви шанси да се пласира во плејофот. Од друга страна, Њујорк Никс се наоѓа на третото место во Источната конференција и во финишот од сезоната е со далеку повисоки амбиции.
Хрватскиот кошаркар сезонава одигра 28 натпревари за Детроит со просек од 20,2 поена, 3,4 скока и 2,5 асистенции. Во Детроит помина 18 месеци, а Њујорк ќе му биде шести клуб во НБА, по Бруклин, Вашингтон, Индијана и Јута. Освен тоа, ќе биде трет Хрват во историјата кој заиграл за Никс, по Бруно Шундов и Марио Хезоња.


