Тукушто го донесе Нико Менион во своите редови, Олимпија Милано остана без друг плејмејкер.
На претходниот евролигашки дуел против Партизан, се повредил аргентинскиот репрезентативец Леандро Болмаро и тој ќе мора да отсуствува околу три недели. Искусниот организатор на играта ја делеше минутажата со Димитријевиќ пред доаѓањето на Менион, а имаше голем придонес во тимот.
Оваа сезона, Болмаро просечно постигнува по 7,1 поен и 3,7 асистенции по натпревар, а поради повредата, најверојатно ќе пропушти пет меча во Евролигата.


