Светскиот шампион со германската репрезентација Исак Бонга од денеска официјално не е играч на Баерн Минхен откако баварскиот гигант ја објави разделбата со него.
„Мораме да му кажеме збогум на светскиот шампион. Изи заминува од Баерн по две години за да се пресели во друг евролигашки тим“, пишува во објавата на германскиот првак.
Одамна се шпекулира дека својата кариера Бонга ќе ја продолжи во Партизан иако „црно-белите“ уште официјално не го потврдиле тоа. Крилниот играч ја почна својата кариера во Франкфурт, потоа играше за Лејкерс, Вашингтон и Торонто пред да се врати во Баерн во 2022 година.


