Вечерва од 19 часот во Куманово почнува финалниот меч од Купот на Македонија ќе ја достигне својата кулминација со мечот за пехарот во Купот на Македонија кој го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“.
Во финалето ќе учествува домаќинот МКК Куманово кој ќе го предизвика најтрофејниот во ова натпреварување и бранител на пехарот МЗТ Скопје. Кумановци ќе ја имаат поддршката од публиката која претходните два дена се погрижи да има прекрасна атмосфера во Спортската сала во Куманово, каква одамна немало на завршните турнири од Купот.
МЗТ Скопје ќе се обиде да стигне до 14. трофеј во Купот на Македонија, четврти во низа, додека МКК Куманово ќе се бори за првиот не само во својата кратка историја, туку и за кумановската кошарка воопшто. Поранешниот прволигаш од овој град и вицешампион Куманово 2009 пред 13 години играше во финалето против МЗТ Скопје, но загуби и ја пропушти шансата за историски успех.
Овој МЗТ Скопје делува незапирливо, веќе четири години нема пораз во Купот на Македонија, а оттогаш ги освои сите трофеи во домашната кошарка. Од тие причини е и фаворит за победа во денешното финале, но на спротивната страна, освен четата на Марин Докузовски, ќе има и армија домашни навивачи кои очекуваат историски подвиг на својот тим.


