Кошаркарскиот сојуз на Србија денеска ѝ се обрати на јавноста во врска со борбата со наместени натпревари.
Притоа, објави имиња на седуммина кошаркари кои се процесуирани поради малверзации, а едно од нив особено интересно за македонската кошаркарска јавност. Станува збор за Владимир Ивеља, 37-годишен кошаркар кој дел од својата кариера помина и во земјава.
Во сезоната 2014/15, Ивеља беше член на Кожув, следната натпреварувачка кампања ја помина во Фени Индустри, а во 2019 година повторно се врати во гевгелискиот тим каде помина краток период.
Освен Ивеља, на списокот на КСС се уште: Никола Христов, Алекса Новаковиќ, Коча Јововиќ, Милош Чојбашиќ, Милан Радивојевиќ и Вук Ѓорѓевиќ. Последниот од нив НЕ е актуелниот кошаркар на Гостивар иако во српските медиуми денеска беше објавена таква информација.


