Еден од најуспешните селектори во историјата на босанската репрезентација Адис Бечирагиќ денеска поднесе оставка на својата позиција.
Тој беше на функцијата од 2022 година и го одведе националниот тим до пласман на Европското првенство ова лето, а таму обезбеди пласман во плејофот и го освои 14. место. Со писмо, тој ја извести Федерацијата дека причина за неговиот отказ се здравствени проблеми иако не посочи за што точно се работи.
Бечирагиќ во исто време е тренер на косовскиот прволигаш Трепча која со голем успех ја води од 2022 година и претходните две сезони ја освојуваше шампионската титула во домашното првенство.


