Извештаите во американските медиуми сугерираат дека Бостон Селтикс се јавуваат како потенцијална дестинација за Јанис Адетокунбо.
Според инсајдерот од НБА, Марк Стајн, Бостон е втор на листата на претпочитани дестинации за ѕвездата на Милвоки Бакс.
„Разговарав со тимови и добро информирани луѓе од лигата кои веруваат дека е сè уште можно Адетокунбо да не заврши во Саут Бич. Како што известувавме од крајот на мај, Бостон се повеќе се предвидува да биде втората дестинација што Јанис сака да ја таргетира… без отворено да притиска колку што може.
Дали Атланта или Портланд сакаат да бидат третиот тим што ќе се придружи на групата за да го земе Џејлен Браун и да помогне во реализацијата на размена што ќе го однесе Адетокунбо во Селтикс? Најсилното верување изразено во моите различни разговори е дека се подготвува размена што би ставила крај на оваа сага, по 13. сезони на Јанис во Бакс“, вели Стајн.
Сепак, Мајами Хит се сметаат за тим со најголеми шанси да го потпишат Антетокумпо. Стајн објави дека моментумот продолжува да биде во корист на Мајами, при што некои потенцијални делови за размена стануваат појасни.


