Шесткратниот Ол стар учесник Џејсон Тејтум не го доврши ноќешниот меч против Сакраменто поради повреда која во прв момент се чини мошне сериозна.
На нешто помалку од четири минути пред крајот на третата четвртина, тој погоди тројки, но при доскокот, Домантас Сабонис му се подмести и тој го згазна по што го свитка скочниот зглоб на левата нога. Литванецот за тоа доби неспортска лична грешка, а откако му беше укажана помош, Тејтум успеа да се изведе и погоди слободно фрлање по што замина во соблекувална и повеќе не се врати во игра.
Без него Бостон успеа да ја сочува предноста и славеше со 113-95 што е шести триумф по ред за актуелниот шампион.


