Денеска е објавен распоредот за новата сезона во НБА лигата која ќе ја отвори актуелниот шампион Бостон Селтикс во дуел со Њујорк Никс на домашен терен.
Дуелот ќе биде искористен за да им бидат доделени шампионските прстени на кошаркарите на Бостон, а истата вечер ќе се сретнат уште Лос Анџелес Лејкерс и Минесота. Тој меч може да биде историски бидејќи првпат во историјата во иста екипа можат да заиграат татко и син – Леброн и Брони Џејмс.
Новата сезона почнува на 22 октомври, основниот дел ќе трае до 13 април 2025 година, од 15 до 18 истиот месец ќе се одржи плејинот, а плејофот почнува на 19 април. Второто издание на новокомпонираниот НБА Куп ќе се одржи од 12 до 17 декември.


