На стартот на новата сезона во BIG3 баскет лигата во САД дојде до тепачка која фрли сенка на спектаклот што се одржува во Чикаго.
Инцидентот се случи за време на дуелот меѓу екипите на Лос Анџелес Рајот и Мајами 305, а го иницираше еден од најдобрите центри во историјата на НБА, Двајт Хауард. Без потреба, тој го удри Ленс Стивенсомн, уште еден поранешен НБА кошаркар кој му врати и двајцата си разменија по неколку боксови.
Ayo first DeMarcus Cousins violating fans now Lance Stephenson & Dwight Howard fighting 😂😭wtf going on manepic.twitter.com/nXtSTWKYGA
— Casual Sports Fan (@bigsportscasual) June 14, 2025
Хауард играше во НБА 18 години, има и една шампионска титула, освоена со Лос Анџелес Лејкерс, а неодамна беше примен во Куќата на славните и покрај тоа што официјално уште не ја завршил својата кариера.


