Екипата на Нахчиван, чиј тренер е македонскиот стручњак Никола Божиноски, обезбеди пласман во четвртфиналето од плејофот во првенството на Азербејџан откако со 2-0 го совлада Сархачи.
На домашен терен Нахчиван славеше со 98-87, а како гостин со 83-80, за потврда на разликата во квалитет меѓу двете екипи. Сепак, за Божиноски и неговите кошаркари следува огромен предизвик во четвртфиналето бидејќи за противник ќе го има актуелниот шампион и убедливо најдобар тим од Азербејџан, Сабах кој се натпреварува и во Лигата на шампионите на ФИБА.
Се игра до две победи, а ова ќе биде трета сезона по ред во која Нахчиван ќе се сретне со Сабах во плејофот. Божиноски е поранешен тренер на Сабах со кого освои и шампионска титула во домашното првенство пред две години.


