По поразот од Орду во претходното коло, екипата на Нахчиван, предводена од македонскиот стручњак Никола Божиноски дојде до нова победа во првенството на Азербејџан.
На домашен терен, Нахчиван оствари убедлив триумф против Ланкаран со 104-73 и се бетонира на второто место на табелата, со два бода помалку во однос на Орду.
„Добро се подготвивме за овој натпревар и тоа го демонстриравме на теренот. Навистина не очекувавме толку лошо издание од противникот, но јасно е дека сериозно го сфативме мечот“, изјави Божиноски по мечот.
Нахчиван со нетрпение го очекува плејофот бидејќи неговата предност во однос на третопласираниот на табелата е огромна, а сепак не може да го стигне лидерот Орду.


