Македонскиот стручњак Никола Божиноски очигледно добро ја искористил паузата во националните првенства поради репрезентативните квалификации и претквалификации, за да ја подготви својата екипа во шампионатот на Азербејџан.
Со својот Нахчиван, тој вчера го совлада Середчи со 90-74 откако минатата недела го совлада Ланкаран со 82-75. По девет одиграни кола, Божиноски со Нахчиван се наоѓа на втората позиција во Б групата со биланс 7/2, зад Одру кој е единствен без пораз на осум натпревари.
Сметајќи ги и натпреварите пред паузата, Нахчиван е во серија од три победи, а двата пораза во досегашниот дел од сезоната ги доживеа од лидерот Орду.
Божиноски од оваа сезона е шеф на стручниот штаб на Нахчиван, но има и претходно искуство во азербајџанската кошарка бидејќи беше помошен и прв тренер на Сабах пред две сезони. Додека работеше во Македонија, беше тренер на Академија ФМП и Шкупи, како и дел од стручните штабови на повеќе младински репрезентации.


