Утре во Скопје, Перо Антиќ треба официјално да биде разрешен од претседателската функција во Кошаркарската федерација, а денеска оставка си поднесе претседателката на црногорскиот сојуз Јелена Дубљевиќ.
Нејзината одлука доаѓа 48 часа откако две третини од делегатите во Собранието на КСЦГ потпишаа барање за закажување вонредна седница на која ќе се расправа за смена на Дубљевиќ. Нешто слично се случи и во Македонија каде пред две недели, иницијативен одбор поднесе барање за Собрание за смена на Антиќ.
Дубљевиќ беше на позицијата од ноември 2023 година кога го победи Пековиќ и стана првата жена претседател на КСЦГ.


