Братот на Виктор Вебанајама, Оскар беше извонреден во победата на Франција над Италија на Европското првенство до 20 години што се одржува во Љубљана.
Иако нема физички предиспозиции како Виктор бидејќи е висок нешто над 200 сантиметри, Оскар покажува дека исто така поседува квалитет за играње на највисоко ниво. Во победата на Франција над Италија, оствари дури 12 скока, од кои 4 офанзивни, а постигна девет поени и по една асистенција, украдена топка и блокада. Поголемиот дел од поените ги постигнуваше блиску до кошот, каде што знае како да го позиционира своето тело.
Victor Wembanyama’nın kardeşi Oscar Wembanyama, U20 Avrupa Şampiyonası’nda İtalya karşısında boy gösterdi! 👀
— TrendBasket (@TrendBasket) July 13, 2026
▪️9 sayı
▪️12 ribuand
▪️1 top çalma
▪️1 blok
(@FIBAWC) pic.twitter.com/a70gzdUrjJ
Минатата сезона, Оскар Вембанјама играше за Стразбур, но немаше голема минутажа во француската лига. На теренот поминуваше безмалку шест минути по натпревар, а допрва ќе се види како ќе се снајде во светот на сениорите. Франција има две победи во првите две кола и секако е еден од фаворитите за титулата на шампионатот.
Треба да се истакне дека Оскар е роден 2007 година и е еден од помладите и во француската репрезентација и воопшто на У20 Европското првенство.


