Репрезентацијата на Бразил ги задржа шансите за пласман во топ-8 откако во директниот дуел за третото место во својата група ја победи Јапонија со 102-84.
Натпреварот го одбележа „пресметката“ во шутирање тројки имајќи предвид дека двете репрезентации упатија вкупно 69 удари од дистанца. Бразилците погодија 17, а Јапонците 16 со тоа што „кариоките“ во првото полувреме имаа 12/14 од обидите за тројки.
Иако Бразил постојано беше во предност, Јапонија не се предаваше и по 30 минути игра беше на само четири поени заостанување (77-73). Сепак, последната четвртина им припадна на „кариоките“ со 25-11 и поради одличната кош-разлика се уште има шанси да биде една од двете најдобри третопласирани репрезентации на олимпискиот кошаркарски турнир.
Прв играч на натпреварот беше кошаркарот на Партизан, Бруно Кабокло кој постигна 33 поени и 17 скока за индекс 43. Џош Хоукинсон ги предводеше Јапонците со 26 поени и 10 скока, но во тимот ја немаше првата ѕвезда Руи Хачимура кој поради повреда го пропушти мечот.


