Не е спорно дека Брони Џејмс ќе биде голема атракција во НБА лигата и дека поради него ќе се полнат арените низ САД, но далеку од тоа дека тој може да биде квалитет и ѕвезда како неговиот татко Леброн.
На првите четири натпревари во дресот на Лејкерс на Летната лига, тој имаше очаен ефект, постигна вкупно 14 поени со шут од игра 7/31 и за тројка 0/15. Дури во петтиот меч малку го поправи впечатокот откако реализира 12 поени, но и натаму тоа е прескромно за играч кој има високи амбиции пред него.
И покрај ваквиот ефект, низ САД луѓе масовно се обложуваат дека Брони Џејмс ќе биде дебитант на годината во НБА. Квотите да се случи тоа се огромни, достигнуваат дури 250, па забележано е како обложувач од Онтарио уплатил 1.000 долари на новиот играч на Лејкерс.
Освен тоа што е син на Леброн, нема логично објаснување за ваквата појава, но ќе биде интересно да се види како Брони ќе го издржи она што се случува околу него.


