Вечерва против Филаделфија, Брони Џејмс последен пат ќе биде во тимот на Лос Анџелес Лејкерс по што се сели во развојниот тим, Саутбеј.
Нема да има многу време за адаптација бидејќи првиот меч го игра веќе утре, против филијалата на Јута, Солт Лејк Сити. За тој натпревар владее огромно интересирање во Лос Анџелес, а иако не е врвен играч, Брони е толку популарен во тој дел на Калифорнија што цените на билетите за неговото деби скокнаа до небо.
Најевтините чинат 200 долари, а ги има дури и во препродажба и владее огромен интерес кај љубителите на кошарката за присуство на тој натпревар.


