Андреј Јакимовски го одигра својот натпревар по враќањето од САД и е најзаслужен што Тренто вечерва славеше на гостувањето кај Бург.
Нашиот кошаркар игра се подобро од натпревар во натпревар и се промовира во лидер на италијанскиот тим бидејќи на два од последните три меча во Еврокупот има највисок индекс во својата екипа.
Вечерва играше фантастично на двата краја од теренот за што најдобар доказ е индексот 42, а својата одлична игра ја круниса со атрактивното забивање на девет минути пред крајот на мечот.


