Во неделата, американската кошаркарска репрезентација ја растури Србија во првото коло од Олимписките игри, но синоќа српската 3х3 селекцијата се одмазди за тој дебакл.
На стартот од турнирот во оваа конкуренција, Србија го прегази својот голем ривал со 22-14 и потврди дека е прв фаворит за златото во Париз. Се оечкуваше поголема борба, особено поради подобриот старт на Американците кои се предводени од некогашната НБА ѕвезда, Џимер Фридет, но работите брзо дојдоа на свое место и Србија лесно стигна до првиот триумф.
Во 3х3 турнирот нема групи, учествуваат осум репрезентации по системот „секој со секого“. На крајот од првата фаза, првопласираните две селекции одат во полуфинале, а оние од третата до шестата позиција се среќаваат меѓу себе и ќе ги дадат другите два полуфиналисти.


