„Вечниот“ шампион на Црна Гора, Будуќност се најде во исклучително тепка ситуација откако Градот Подгорица, кој е и сопственик на клубот, му ги блокираше сметките и, практично, го замрзна неговото функционирање.
Ситуацијата трае десетина дена, но сега претседателот на Будуќност, Драган Бокан закажа состаноци со претставници на Градот и на Владата на Црна Гора со цел да се изнајде решение за натамошно финансирање.
„Управниот одбор на Будуќност неподелено изрази загриженост поради блокадата на сметката од страна на Градот, како стопроцентен сопственик на клубот и тоа во период кога се подмируваа обврските кон играчите и вранотените и кога се очекуваше Градот и Владата да ги исполнат преземените обврски“, наведуваат од Будуќност.
Поради блокадата на сметките, невозможно е да се исплатат играчите, па некои од нив најавија заминување во следните денови, ако ништо не се смени. Будуќност добро ја почна сезоната во АБА лигата и во моментов е на делба на второто место, додека во Еврокупот има биланс 3/5.


