Суперѕвездата на Кливленд, Џејмс Харден тврди дека неговиот тим е подобар и поквалитетен од Њујорк и покрај тоа што беше елиминиран во финалето на Источната конференција.
Никс стигнаа до големото финале по триумф со 4-0, а во последниот натпревар против Кавалирс победија со 130-93, за пласман во серијата за титулата, првпат по 1999 година. Кливленд беше инфериорен во текот на целата серија. Единствениот неизвесен натпревар беше првиот, кога тимот од Охајо испушти водство од 22 поени во последната четвртина и на крајот загуби по продолжение. Сепак, Харден е категоричен дека неговиот тим е подобар од противникот.
„Да, беше 4-0, но не мислам дека имавме вистинска можност да ја покажеме нашата најдобра изведба, со оглед на околностите. Очигледно нè надиграа, но не можам да одговорам на тоа прашање со сигурност, бидејќи искрено верувам дека ние сме подобриот тим. Резултатот од серијата не го покажа тоа, па затоа е тешко да се даде вистински одговор“, рече Харден и покрај тоа што неговиот тим загуби со вкупна разлика од 77 поени на сите четири натпревари или во просек од 19,2 на меч.
Интересно е што Харден не е единствениот во таборот на Кливленд кој верува дека неговиот тим е подобар од Никс. Непосредно пред четвртиот натпревар, тренерот на Кавалирс, Кени Аткинсон изјави дека неговиот тим, според аналитичките индикатори, всушност има предност во серијата против Њујорк.
Кливленд сега се соочува со важен летен преоден рок и останува да се види дали Харден и остатокот од тимот ќе останат заедно и ќе се обидат да се вратат во игра следната сезона по болната елиминација од Никс.


