Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс најави „вонредно обраќање“ за денеска, а многумина претпоставуваат дека ќе објави крај на кариерата.
Иако никој во моментов не може тоа да го потврди, најавата веднаш се одрази на цената на влезниците за претстојната сезона во НБА. Конкретно, за последниот натпревар на домашен терен од основниот дел од сезоната, против Јута Џез.
Цените на билетите за овој натпревар пораснаа за 600%, па најевтината од 82 се искачи на 580 долари. Најинтересно е тоа што тој меч може да не биде последен во кариерата на Леброн, дури и да објави денеска крај на кариерата, бидејќи Лејкерс не само што се фаворити за пласман во плејофот, туку и за шампионската титула во НБА.


