Петтото коло од Првата македонска кошаркарска лига почнува денеска во 18 часот со големо дерби.
Во Чаир се среќаваат истоимениот домашен тим и актуелниот шампион МЗТ Скопје, екипи кои имаат идентичен биланс (3/1) и се напѓаат на делба од втората до петтата позиција на табелата, заедно со Работнички и Пелистер. Иако тимот од Аеродром е апсолутен фаворит за триумф, не смее да се заборави дека Чаир е најефикасен во Првата лига и до дуелот против Работнички минатото коло, со голема разлика ги победуваше своите ривали.

Поради доаѓањето на шампионот, во Чаир денеска владее голем интерес и се очекува повторно да биде исполнета трибината во салата „Шабан Трстена“. Желбата е само да не се повтори дуелот од минатата сезона кога мечот се играше два дена затоа што играчите на МЗТ Скопје тврдеа дека биле физички нападнати во соблекувалната.
Останатите пет дуели од петтото коло се на програмата в сабота и недела. Два меча се играат утре во рани термини, а еден од дерби дуелите е и пресметката меѓу МКК Куманово и Гостивар.


