Откако Работнички загуби во дербито против МЗТ Скопје, три екипи останаа без пораз во досегашните три кола од Првата македонска кошаркарска лига.

Чаир, Пелистер и ТФТ се уште се со максимален ефект со тоа што чаирчани формално се на чело поради најдобрата кош-разлика во овој круг. Чаир има и најмногу постигнати поени во досегашните три кола (290) откако во секој од натпреварите ја мина границата од 90.

Без победа во овие три круга се само екипите на Вардар и Шкупи, но тоа ќе се смени во четвртото коло затоа што скопските ривали играат еден против друг.


