Екипата на Чаир полека се активира во пресрет на новата сезона и е пред договор со првото засилување.
КОШ.МК неофицијално дознава дека чаирчани се во завршна фаза од преговорите со американскиот кошаркар Тејвион Кирк кој игра на бековските позиции, а минатата сезона ја поминал во азербејџанскиот прволигаш Ксирдалан. На 16 одиграни натпревари за овој тим, просечно постигнувал по 23,9 поени со што бил најдобар стрелец во првенството во кое стигна до полуфиналето. Кога станува збор за шампионатот на Азербејџан, тоа е во постојан подем за што најдобар доказ е тимот на Сабах кој лани триумфираше на квалификацискиот турнир за пласман во Лигата на шампионите што се одржа во Скопје.
Чаирчани последните две сезони, во кои играат во Првата македонска кошаркарска лига, покажаа дека одлично знаат да изберат странски кошаркари. Минатата натпреварувачка кампања ги имаа двајцата најдобри стрелци во првенството, во Диванте Мофит и Тајри Корбет.


