По Тејвион Кирк и Ајзеа Кели, македонскиот прволигаш Чаир е пред официјализирање на соработката со трет американски кошаркар.
Во северната скопска населба треба да пристигне бекот Џеремаја Гамбрел кој преку чаирчани, првпат ќе се запознае со европската кошарка. До минатата сезона настапувал за Универзитетот Алкорн Стејт во НЦАА каде просечно постигнувал по 13,9 поени и 2,4 скока. Има добар шут од дистанца што може да се заклучи од ударите за тројка кои ги погодува со 42% успешност.
Сите тројца американски кошаркари кои Чаир ќе ги има во новата сезона се добри во нападот и може да се очекува оваа екипа да игра атрактивна и ефикасна кошарка.


